Венко Марковски


Free Web Hosting with Website Builder
Венко Марковски
македонски и бугарски писател
Роден 15 март, 1915
Скопје, денес Република Македонија
Починал 7 јануари, 1988
Софија, Бугарија

Венко Марковски (односно Вениамин Миланов Тошев) (Скопје, 15 март 1915 - Софија, 7 јануари 1988) е македонски и бугарски поет, драмски писател и еден од основоположниците на современата македонска литература.

Содржина

Биографиja

Марковски е роден во Скопје на 15 март 1915 година. Гимназија завршил во Скопје, а словенска филологија студирал во Софија. Бил член на Македонската литературна група основана во Скопје (1931) и на Македонскиот литературен кружок (1938-1941). Бил во затвор во Гонда Вода и Ениќоj (1941-1942). Учесник во НОБ, член на Главниот штаб на НОВ и ПОЈ, член на Иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ и делегат на заседанието.

Во периодот 1944-1945 активно учествува во работата на трите комисии за нострификација на македонскиот литературен јазик. Буквата "Ъ" (ер-голем), за коjа тој се бори да биде дел од македонската азбука не се одобрува од ЦК на КПЈ.

Во 1948 година ја поддржува Резолуцијата на Информбирото. Во конфликтот со Тито е затворен во Идризово, а фамилиjата му е интернирана во Кичево.

На 17 март 1956 година, под името Вениамин Миланов Тошев, за поемата „Сувремени парадокси“ е осуден на петгодишна робија на Голи Оток, а во 1965 година оди на лекување и останува во Бугарија. Во 1968 г. син му Миле Марковски и неговата фамилиjа се протерани од Македониjа во Бугариjа.

Во Бугариjа Венко Марковски е примен за пратеник во Народното собрание, за член на Соjузот на бугарските писатели, за член на Бугарската акадeмиjа на науките. Има награди: „Херој на Бугариjа“, „Херој на социјалистичкиот труд“, „ов“ и др.

Заради творештвото на бугарски jазик Титова Jугославиjа го прогласува за предавник на македонскиот народ. По 1975 г. е обезбедуван од бугарските тајни служби, бидејќи имало информација дека му е загрозен животот од УДБ-а.

Во интервју за Бугарската Телевизија во 1986 година, Марковски изјави дека македонскиот народ не постои, дека не постои ни македонскиот јазик.

Творештво

Во „Народни бигори“ и „Огинот“, песните на Марковски се под влијание на народната песна и по карактер се љубовни песни, испреплетени со национално-ослободителни мотиви и национално-ослободителни песни. Подоцна, Марковски потпаѓа под силно влијание на социјалистичкиот реализам и во социјал-реалистички стил пишува пофални песни, посветени на Тито, додека беше на македонска страна, и некои песни, посветени на Бугарската комунистичка партија, кога премина на бугарска страна.

Освен поезија, Марковски ги напишал историските книги „Преданија заветни“ (историјата на Бугарија од 681 до 9 септември 1944 година во стихови), „Крвта вода не станува“ и др. Преданијата се издадени и на руски јазик во Москва (1981 г.).

На македонски јазик

Во Бугарија

  • "Народни бигори" (1938 г., издадена во Софија)
  • "Огиноть" (1938 г., издадена во Софија)
  • "Илиндень" (1940 г., издадена во Софија)
  • "Луня" (1940 г., издадена во Софија)

Во Македониjа

  • "Елегии"
  • "Гоце"
  • "Чудна е Македонија",
  • "Гламји"
  • "Климе",
  • "Над пламнати бездни"
  • "Сказна за резбарот".

На бугарски jaзик

  • "Орлицата" (1941 г.)
  • "Истината е жестока" (1968 г.)
  • "Легенда за Гоце" (драма, изведена во Народниот театар "Иван Вазов")
  • "Крвта вода не станува" (1971 г., 1981 г., 2001 г. - одговор на книгата "Историjа на македонскиот народ") и др.
  • "Преданиjа заветни" (1979 г.), ,
  • сонетните венци "Бунтовни воштеници", "Вековни врволици" и "Судбовни маченици"
  • "Голи оток - островот на смртта" (1984 г., на англиски jазик, издадена во САД)

Надворешни врски








Why are we here?
All text is available under the terms of the GNU Free Documentation License
This page is cache of Wikipedia. History